Анета на кратка турнеја во Шведска

Младата русокоса велешанка Анета Арсовска која е во постојани работни ангажмани со бројни настапи ширум нашата земја, најавува и кратка турнеја надвор од Македонија.

Имено Анета  на покана на Македонскиот клуб “Пелистер” од Трелеборг, Шведска , на 19-ти мај ќе биде таму а поводот како што вели е традиционална манифестација, Ден на македонската култура под покровитеслтво на Македонскиот сојуз.

-За музичката забава ќе се погрижам јас заедно со оркестарот “Тип-топ”, се надеваме на убав пречек и многу добра забава со тамошните македонци, истакнува Анета.

Воедно таа во периодов кој следи најавува и снимање на нови песни.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*