Јовческа во секси и провокативно издание

Голем музички талент крие во себе младата прилепчанка Елена Јовческа. Ако публиката досега беше навикната да ја гледа во народната македонска песна, пропратена низ сите нејзини настапи со традиционалниот стар македонски инструмент гајдата, овојпат Елена во едно многу поинакво издание.

-Прекрасен микс , кавер каде што пејам во живо. Станува збор за српски песни кој што се доста познати по ноќните клубови. Се одлучив на овој чекор затоа што настапувам во ноќните клубови и се надвеам дека публиката ќе биде задоволна. Се одлучив за тоа затоа што кога ќе ми се јават да речеме од некој ноќен клуб, прашуваат што пееш во живо, што имаш во живо, сега ќе имаат прилика да слушнат и се надевам дека ќе бидат задоволни од тоа што ќе го видат, вели Елена.

Провокативно кое наликува на пејачките од соседството, Елена покажа дека нималку не заостанува зад нејзините колешки. Тесно, кратко, црно фустанче со странични врвци кои откриваат многу детали, во кој Елена изгледа беспрекорно, а за тоа што носи и дали носи нешто под него оценете и самите. Нели овој микс е за дискотека, самото тоа го наложува овој имиџ, кратко рече Елена.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*