Влатко подготвува нова песна за Валадовскиот фестивал

По преубавиот велигденски проект кој го подготвија браќата Влатко и Златко Миладиноски , за периодов кој следува Влатко најавува настап на Валандовскиот фестивал кој ќе се одржи на крајот од месец мај.

-Валандовскиот фестивал е крајот на мај и уште две песни мислам дека кои се веќе поставени ќе се реализираат и тие и мислам дека ќе ги оформиме доволната бројка за да се направи новиот албум, официјален. Песните се тука “Жениме мамо”, “Софке”, “Велат не нема” има многу песни, меѓутоа бројот од 12-13 песни кои што секогаш го држам, го имам исполнето и веќе ќе мора да го официјализираме и третиот албум. Се крчка и насловот веќе но да не откриваме многу, да ги довршиме песните па ќе откриеме сите детали околу тоа, вели Влатко.

Влатко најавува за периодов големи гостувања и турнеи, како низ нашата земја така и надвор од неа. Ние цело време сме со музиката и така планираме да продолжиме, додава Влатко.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*