Спасен Силјаноски со кавер на своја песна


Постојано снима и создава нови песни кои публиката веднаш ги прифаќа и за многу брзо време постануваат големи хитови. Кичевчанецот Спасен Силјаноски за периодов кој следува најавува нови песни, а како што и самиот додава сето тоа е обврска на секој пејач да снима нешто ново.

-Ново, сега во овој период и јас за прв пат ќе снимам еден кавер. Имам проект со “Мулти бенд” од Скопје, ме поканија да гостувам да испеам една нивна песна. Нешто така поголемо засега нема. Ќе го чекаме овој летен период кој што е многу активен да помине, а здравје веќе на есен планираме некој нови песни, турнеи во дијаспората, но за тоа потоа, вели Спасен.

Што се однесува до препејувањето на кавер песната која ја најави Спасен, тој всушност ќе си препее своја песна, нешто што не е така ново но е трендовско во последниов период.

-Гледам и позитивни работи во тоа , но гледам и негативни, зависи има повеќе објаснувања. Сепак сум за да се создаде нешто ново и квалитетно отколку да се препејуваат некои стари кавери. Кога веќе се препејуваат и веќе испеани компонирани песни, тоа треба да биде подобро од оригиналот. Во аранжмански, интерпретаторски и така натаму да се даде поголема енергија , да се постигне некаков ефект. Доколку се препејат песни, а не се постигне тој успех за да бидат подобри од оригиналот, тогаш нема фајде од тоа препејување на песни. Затоа викам дека има и свои предности но и недостатоци сето тоа препејување на песните, додава Спасен.

Спасен цврсто стои на фактот дека треба да се создава нова македонска песна , како и тоа дека е добро да се снимаат и старите песни но да не се злоупотребуваат.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*