“Си ги викнав мила трубите” од Влатко Алексовски ќе добие спот

Го промовира неговиот најнов спот, а веќе подготвува нов материјал. Влатко Алексовски во најскоро време ќе снима уште еден спот за песната која носи наслов “Си ги викнав мила трубите”.

Влатко Алексовски неуморно работи на снимање нови песни и спотови. Деновиве го промовира неговиот најнов спот за песната “Сузана”, а веќе подготвува уште неколку песни.

-Тоа е песната Свирете ми тамбураши, една многу емотивна, прекрасна песна со тамбурашки оркестар, аранжман музички којшто е невообичаен за нашето музичко поднебје, но она што ќе се снима спот, тоа е уште една нова песна Си ги викнав мила трубите, тоа е прекрасна, весела песна. Сценариото за спотот е веќе готово, за недела дена ќе го снимиме.-истакна Алексовски.

Покрај снимањето на новиот материјал и подготовката на неговиот албум кој треба да излезе до крајот на летниот период, Влатко периодов има голем број настапи низ земјава, а во моментов е во преговори за Австралиска турнеја.

-Во скоро време нема да има турнеја бидејќи имам многу настапи веќе договорени тука во Македонија, но после октомври веќе преговараме и за една турнеја која требаше да се случи во месец април, ја пролонгиравме. Точно незнам, можеби ноември декемри ќе биде за Австралија, така да уште нема нешто конкретно за да и објавам на публиката, така да, ќе ги изненадиме во секој случај.-додава фолкерот.

Инаку, пред извесно време се врати од кратка турнеја во Германија, а агендата со свадбени прослави низ земјава е веќе полна.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*