Распеаното рибарче се одржа по 20-ти пат

Годинава детскиот музички фестивал “Распеано рибарче” го одбележa својот 20 годишен јубилеј од постоењето.

Фестивалот се одржа во последниот викенд на месец април, со цел децата кои што учевствуваа на овој фестивал да имаат можност да бидат постојано тука при сите подготовки .

Годинава настапија околу петнаесетина дечиња со исто толку песни, кои сите беа збогатени со соодветни сценски настпи. Исто така како дел од фестивалот беа и минатогодишни учесници , деца кои отпеале и оствиле трага во досегашното 20 годишно постоење на”Распеаното рибарче”. Воедно , беа подготвени и соодветни подароци за сите учесници на фестивалот во знак на нивно сеќавање.

Годинава медиумски покровител на овој детски фестивал беше ИН продукција, која целосно го покри овој настан а во следниов период ќе биде емитуван на ИН телевизија и уште 20 регионални телевизиски куќи во нашата земја.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*