Ангел Стојкоски сними видео запис за стара изворна песна

Старата изворна песна “Абер ми дојде од Солуна града”, која ја препеа младиот пејач Ангел Стојкоски доби свој видео запис. Снимањето се одвиваше во Струшкиот регион, во соработка со ИН Продукција.

Младиот и талентиран Ангел Стојкоски сними видео запис. Станува збор за старата македонска песна “Абер ми дојде од Солуна града”.

-Видео записот се снимаше заедно со ИН продукција, во селото Драслајца кај манастирот Света Недела и село Мороишта кај манастирот Свети Спас. Се сними еден видео запис за стара македонска изворна песна којашто прва ја отпеа Васка Илиева. Се снимаше скоро цел ден, голема благодарност до КУД Илинден и претседателот Љупчо Милошески, кои се погрижија видеото да биде побогато со играорци.-истакна Стојкоски.

Аранжманот за песната го направи Ташко Грујовски, а како гостин се појавува клавијатуристот Илија Тотовски-Тота.

-Очекувањата се песната да биде добро прифатена, видео записот да биде максимално гледан, публиката добро да ме прифати, да имам се повеќе и повеќе работа и да ги задоволам гледачите.-додава тој при интервју за ИН ТВ.

Ангел веќе подготвува и авторска песна којашто ќе биде љубовна, а истата очекува да излезе за скоро месец дена.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*