Легендарните АББА по 35 години повторно снимија песни

Легендарната шведска група АББА по неверојатни 35 години повторно во оригиналниот состав сними две нови песни, потег кој нивните фанови не веруваа дека ќе дочекаат да го видат или слушнат.

Агнета, Ани Фрид, Бени и Бјорн имаа блескава кариера во 70-тите години, бројни светски поп хитови кои доминираа на топ листите, победуваа на Евровизија, имаа армија на обожаватели низ целата планета и секако препознатлив имиџ и стил кој беше одлика на поп сцената во таа ера.

Сепак, меѓусебните недоразбирања ја растурија групата и тие дадоа збор дека никогаш повеќе нема да се соберат заедно, ниту да настапуваат на нови турнеи или да снимаат заедно во студио.

Сега, за прв пат по 1982 година тие снимија две нови песни како резултат на новото шоу кое е продуцирано на дигитален начин, па наместо тие лично да настапуваат, пред ТВ публиката на BBC и NBC ќе се појават нивни аватари.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*