Елена е комплетна понуда за добра музичка забава

Елена Јовческа деновиве сними неколку кавер песни. Имено станува збор за две песни од легендарната Благица Павловска како и еден српски  сплет на во моментов хитовски песни, кои се доста барани од полмадата популација.

-Станува збор за две песни кои што се дело на една наша фолк ѕвезда, која што има прекрасни песни и ете одлучив и јас да испеам нејзини песни, тоа е госпоѓата Благица Павловска. Јавно се заблагодарувам до неа. Тоа се песните “Каде после мене” и “Доктори сто да ме лечат”. Мене ми се омилени и одлучив да ги испеам и се надевам дека ќе им се допадне на народот и ќе бидат слушани повторно во Македонија и надвор од неа, вели Елена.

Во поглед на препејувањето на песните од фолк дивата Благица, Елена претходно добила дозвола за тоа да го направи.

-Нормално, морав да прашам кога станува збор за едни две прекрасни песни кои што се испеани од една ѕвезда како што е Благица. Немав голем проблем се претставив, се знаеме многу одамна и без никаков проблемми рече да, можеш да ги испееш и благодарам од срце, истакнува Елена.

Елена видео записите за кавер песните ги сними во Прилеп во неколку познати локали а за целосниот нејзин стајлинг се погрижи Алек Палада. Нејзините очекувања од овој проект се секако позитивни и големи, а со тоа таа покажува уште еднаш дека е комплетна понуда за добра музичка забава на било кое место да настапува.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*