Влатко Алексовски најавува нов албум до крајот на летото

Влатко Алексовски пред извесно време се врати од кратка турнеја во Германија. Деновиве снимаше спот за песната “Сузана”, а веќе работи и на нов албум за кој како што вели треба да излезе кон крајот на летниот период.

Влатко Алексовски има голем број настапи низ земјава, но и надвор од неа. Пред извесно време се врати од кратка турнеја во Германија, а агендата со свадбени прослави е веќе полна.

-Пред неколку дена се вратив од една кратка турнеја во Германија, поточно во Берлин имав настап. Сега веќе започна свадбениот маратон, така да секој викенд сум ангажиран со по две три свадби, летниот период ќе биде исто така долго и напорно, исполнето. Агендата е полна.-истакна познатиот фолкер.

Во месец август 2017-та година Влатко промовира албум, а веќе работи и на ново цд на кое ќе се најдат 10 песни.

-Нормално кон крајот на летото ќе имаме промоција на нов албум, значи минатиот август ми излезе албумот, а веќе работам и на новиот албум. Една од песните коишто ќе се најдат на тој албум е и Сузана”. Уште три песни се веќе снимени, во најскоро време ќе се снимат уште шест, така да тој проект како нов албум ќе се заокружи со 10 песни.-додава тој.

Алексовски додава дека за повеќето од нив во соработка со ИН Продукција ќе се изработат и видео записи.

 

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*