Бобан Мојсовски : Пеењето во живо е посебно чувство !

Пеењето во живо е навистина посебно чувство за еден пејач. Ова го истакна Бобан Мојсовски при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

Бобан Мојсовски при гостувањето во емисијата Промо истакна дека пеењето во живо е многу битно за еден пејач. Тој вели дека има голема разлика од снимање во студио и пеење пред огромен број публика.

-Емоцијата којашто ќе ја дадеме кога пееме во живо пред публика е друга, него кога ќе ја снимиме во студио. Во студио имаш замислена публика, а пред тебе имаш публика и самиот аплауз, самата галама од народот и енергија која ја имаш пред тебе дава други емоции. Дава и сила и моќ да испееш и да ја донесеш песната како што треба. Тука има голема разлика.-вели Мојсовски.

Бобан го сподели и неговото прво искуство со пеење во живо пред 6000 луѓе во Бугарија.

-Јас првпат кога запеав во живо во Бугарија пред 6000 луѓе, кога излегов, мене ми се пресекоа нозете, само од аплаузот и галама на народот јас веќе се тресев целиот.-додава тој.

Тој открива дека на овогодинешното издание на Роса Фест кој би требало да се одржи во месец октомври, ќе се пее исклучиво во живо.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*