Лоба во бело и со гол стомак ја покажа витката става

Македонската поп-пејачка Викторија Лоба објави уште една провокативна фотографија на социјалните мрежи. Во елегантна бела гардероба, со доза на провокативност поради голиот стомак Лоба се појави на промоција на својата нова песна во дует со Тајзи.

За поп-пејачката Викторија Лоба промоциите пред медиумите и соработниците станаа пракса, бидејќи како што вели оваа форма на промоција како да затаи на домашната музичка естрада.

Вчеравечер во еден скопски ресторан таа и раперот Тајзи ја промовираа заедничката „ Каде сме ние“ и спотот за истата.

За таа прилика Лоба како и секогаш блесна со својата нежна, а маркантна појава.

Облечена во бела сензуална комбинација од панталони и краток топ, а врз него бело сако од кое во прв план се истакна голото затегнато стомаче.

Дамата на вечерта не пропушти да направи неколку фотографии за социјалните мрежи, па и на своите пријатели и следбеници кои не беа присутни, да им покаже како изгледаше за оваа важна вечер за неа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*