Пејачи кои работеле за тајните служби

Тајните служби се спремни да проговорат за акциите во кои учествувале за време на владеењето на Тито и Милошевиќ.

Една од најспецифичните приказни ја има некогашниот началник на ресорот на државната безбедност, Живан Велисављевиќ кој е пензиониран на почетокот на 1990 година со указ на тогашниот претседател на СФРЈ.

Велисављевиќ денес живее во својата фамилијарна куќа во родното Лојанице, во близина на Шабац.Неговата куќа е далеку од она што го замислува јавноста како дом на пензиониран шпион. Овде нема високи sидови, железни врати кои се отвараат со далечински управувач и доберман за чувар. Но сепак, иако куќата на Велисављевиќ е една од многуте во овој крај, во неа постои нешто по што се разликува.

На внимателно реновираното ателје, Велисављевиќ има колекција од неколку илјади албумски плочи исклучиво со забавна и рок музика  направена во СФРЈ. На прашањето дали е дискофил, Велисављевиќ вели дека тие плочи не му се за забава, туку дека му се средство за работа. Покрај тоа, Велисављевиќ открива дека ниедна од овие плочи не може да биде изгубена, бидејќи му ја дале како позајмица од одделот за државна безбедност.

Ангажманот на Велисављевиќ во службата почнал 1968 година. Студентските демонстрации сериозно го здрмаа Тито. Иако успеа да ги смири., Тито приметувал дека постојано се појавуваат нови жаришта. Во тој момент Тито штотуку ја приведил кон крајот кризата околу Брионскиот пленум, а веднаш се појавила студентската криза и инвазија на Чешка и било потребно да се пацификува барем еден од фронтовите.

За таа цел Тито на таен состанок дискутирал за тоа кој фронт може прв да се реши. Вељко Влаховиќ предлагал СФРЈ да набави атомска бомба која би била гарант на суверенитетот. Едвард Кардељ го спомнувал приближувањето на НАТО пактот, а Стане Доланц излегол со најбизарен предлог. Доланц имено објаснил како ЦИА користејќи ја музиката на бендот силно наклонети на хедонизмот и употребата на опојна дрога успеала да ја отупи борбрната острина на студенстските протести во Америка и бројните прогресивни млади луѓе да ги претвори во безопасни кловнови без јасна револуционерна идеа.

Доланц сметал дека такво нешто може да се направи и со нашата младина. Вељко Влаховиќ сметалдека нашите млади луѓе се поздрави и позрели од американските, но Тито бил се повеќе забавуван од предлогот на Доланц. На крајот на Доланц му е дадено зелено светло а операцијата го добила кодното име ,,Миљацка”, по реката во Сараево бидејќи Тито сметал дека војната е добиена во Босна и дека сите нови битки треба да почнат оттаму. Миљацка изгледаше како најурбан топоним во таа република. Доланц во соработка со своите најблиски повереници Срѓан Андрејевиќ и Обрад Ѓорѓевиќ го избрал младиот Живан Велисављевиќ да ја води Миљацка и Велисављевиќ ја водел оваа операција полни 22 години.

,,Првиот регрут природно ми беше Горан Бреговиќ, со него немаше проблеми, тој ја сакаше и идејата за Југословенство и секс и дрога, така да лесно се договоривме” – сведочи Велисављевиќ.

,,Со Бреговиќ дури сум применувал и еден систем кој службата го користеше со криминалците, им овозможуваше да крадат во странство, а да добијат засолниште во Југославија, во замена за вршење по некоја работа за нас. Така му овозможив на Бреговиќ да краде странски песни, да ги објавува овде како свои а во нив да пропагира она што нам ни беше потребно ”.

Здравко Чолиќ не беше така едноставен за регрутација.

Самитот во Скендерија

,,Здравко Чолиќ беше исклучително талентиран исполнител и него не можевме да го регрутираме туку така.Тој немаше ништо против нас но не сакаше да должи никому ништо”. Сепак кога е уапсен во Охрид заради размена на девизи, Велисављевиќ во тоа видел своја прилика.

,,Го посетив во затворот во Охрид и се договоривме за петнаесет минути”.

Во одделението на Велисављевиќ во ресорот на државна безбедност настанала хистерија кога дознале дека Чола е регрутиран. А, потоа се појавила паника кога сфатиле дека му се потребни големи хит песни. Дел од службата се сомневал во Корнелије Ковач и одлучено е цела Југословенска поп сцена да застане зад Чолиќ.

,,Направивме таен состанок една ноќ во Скендерија, шест млазни авиони РВ и ПВО ги донесоа сите клучни поп композитори кај нас. Тоа беа Арсен Дедиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Корнелије Ковач, Момчило Бајагиќ, Јура Стублиќ, Зоран Лесендрич и многу други”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*