Михајло: Музичката естрада има богата традиција и има место за секого

Покрај неговиот најнов видео запис за најновата песна “Мајка”, Михајло Данилоски има уште една своја авторска песна која е насловена “Моме убаво”. Особено за истакнување е податокот што Михајло како релативно нов пејач на македонската естрада се појавува со две свои новокомопонирани песни.

-Со музика ми поминува целиот свој живот, но професионално релативно брзо се занимавам со музика. Од ноември месец минатата година почнавме малку поинтензивно да работиме, па како ќе биде понатака ќе видиме , тоа зависи од песните и од промоциите, вели Михајло.

Како ново лице на македонскта народна песна, Михајло истакнува дека на музичката сцена во нашата земја има место буквално за секој кој сака да пее добра песна.

-Музичката естрада во Мкаедонија, имаме богата традиција на музика, можеме да се бавиме со музика. Мал проблем гледам во српската музика, што прави голем влез во македонската естрада, другото се е во ред. Има место, мислам дека има, додава Михајло.

Инаку Михајло кој потекнува од кичевскиот крај, е во блиски роднински врски со реномираните музички имиња од овој дел , познатите Влатко и Златко Миладиноски, за кој додава дека важат за блиски соработници и на музички план.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*