Билјана и Борис Димови заедно со група Астрион снимија видео проект со македонски песни

Борис и Билјана Димови заедно со група Астрион, снимија видео проект. На нивниот репертоар има неколку познати хитови и подзаборавени македонски песни, но и две нивни авторски.

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Билјана и Борис Димови заедно со група Аструион снимија видео проект. Нивната цел како што велат е да ги оживеат малку подзаборавените македонски песни.

-Заедно со оркестарот одбравме песни кои не се многу испеани од новокомпонираните песни. Да ги разбудиме овие песни кои се малку оставени настрана и решивме да направиме десетина песни во наш аранжман, ги отпеавме и отсвиривме во живо и мислам дека гледачите ќе бидат задоволни.-вели Борис Димов.

Димови се надеваат дека јавноста ќе ужива во овие песни и дека проектот ќе биде одлично прифатен од гледачите.

-Очекуваме многу, еве вие како продукција мислам дека активно работите и професионално. Мислам дека тие песни ќе избијат малку погоре од тоа што биле досега. На пример една песна Чифте пајтон од Гоце Арнаудов, таа песна беше заборавена, неговата песна Злато си ми ти изведена на Цветници, прекрасна, а заборавена. И ете така решивме со Билјана да направиме и дуети. Па што ќе биде ќе видиме, самите гледачи ќе одлучат дали вреди или не.-додаде тој во интервју за ИН ТВ.

Инаку, проектот се снимаше во прекрасниот Вила Хотел Парк во Струмица, во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*