“Ој Зарино” е наша лична песна по која не препознаваат и бараат да ја пееме

Неодамна, при гостувањето на група “Зарина” во ИН продукција тие ги промовираа двете староградски песни, препеани во нивни стил. Едната дури и малку подзаборавена која носи наслов “Кога си бевме млади”,  а другата песната по која сите ги препознаваат според името кое го носат “Ој Зарино”.

-Првата песна е “Кога си бевме млади”  и втората е “Ој Зарино” која не претставува и ни е како лична карта на групата. “Кога си бевме млади” е премногу  стара , претежно сум ја слушал од моите роднини како се пее и одлучивме да ја снимиме, да оживее некоја песна пмеѓу младите, вели Стефан Богатиноски, член од групата “Зарина”.

Особено за истакнување на еден од членовите на групата “Зарина” е тоа што виолинистот Тони Арслан е внук, на како што кажа левакот –виолинистот од групата “Билјана” Адем, кој остави голема трага во охридската староградска песна. Како што додава Тони, тој веќе израснал со сите тие староградски песни и сега ја продолжува традицијата на староградската песна

-Да, талентот го наследив. Можам да кажам дека сум внук на левакот , виолинистот од групата “Билјана”, Адем –левакот, така го викаа, што остави голема трага во староградската песна, вели Тони.

Инаку овие момчиња од оваа струшка група, слободно можеме да кажеме дека се доста барани најповеќе по музиката која ја негуваат на охридско-струшката ривиера.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*