Цане Петров со нов музички проект насловен “Македонска магична гитара”

“Македонска магична гитара” е насловен најновиот инструментален проект од врвниот музичар  и член на групата “Биоритам”, Цане Петров.  Како што впрочем истакнува и самиот Цане, станува збор за преокт кој досега на ваков начин не е донесена македонската народна песна, само со акустична гирата.

-Станува збор за еден проект кој што е прв од ваков вид, затоа што на ваков начин досега не е донесена македонската народна песна, само со акустична гитара и сите звуци што се снимени таму се на акустична гитара произведени. Гледавме малку во подруг стил од оригиналните песни, со оглед на тоа што оригиналната песна е задржана и покрај она што го работиме со групата “Биоритам” имам сеуште енергија да во меѓувреме правам и други проекти, вели Цане.

Овој најнов етно проект на Цане е четврти по ред и според очекувањата треба да биде добро прифатен од музичката публика. Во проектот има околу десетина песни кои се најслушани и доста барани.

-Изборот не беше лесен, затоа што гледав прво од самиот инструмент, гитарата на кој места , како звучи , кој акорди би ги ставил, така што и песните се во тие интонации, каде што звучат поубаво. Изборот е сепак во склад со инструментот и оние песни што повеќе сакаме да ги чуеме. Песните се обработени на еден интересен начин, да кога ја слушаш песната , знаеш дека ја знаеш која е песната ама не ти текнува, вели Цане.

За реализација на овој проект како што цвели Цане било потребно сосема кратко време од нецел месец. Проектот во соработка со ИН продукција наскоро ќе биде предочен пред публиката и во видео формат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*