Момците од Арена бенд со нов проект

Гости во ИН Продукција беа младите момци од Арена бенд, кој промовираа дел од нивниот најнов проект со кавери на познати, но и подзаборавени македонски и српски народни песни.

Младите момци од Арена бенд гостуваа во студиото на ИН Продукција. Тие промовираа дел од нивниот најнов проект, кој се состои од неколку сплетови на стари македонски и српски народни песни.

-Станува збор за неколку сплетови, 4 или 5 сплетови со македонски народни песни, еден сплет со народни српски песни и една авторска песна којашто е во помодерен стил и којашто ја промовиравме пред недела дена.-истакна Сашо, вокалот на бендот.

Проектот е направен со цел зачувување, но и заживување на старите македонски песни, наспроти турбо фолкот. Тие се надеваат дека и другите бендови ќе го следат нивниот пример.

-Каверите беа направени со намена, бидејќи се постари македонски песни и песни коишто претежно потекнуваат од западниот дел на Македонија. Нашата намера е народот во Македонија да слушне нешто поразлично од турбо фолкот што моментално владее во државава да почнат лека полека да се прилагодуваат, а се надевам дека и другите бендови ќе го направат истото за да си ја вратиме нашата култура, нашиот фолклор.-додава пејачот.

Инаку, бендот веќе две и пол години опстојува на македонската естрада, а се состои од 6 членови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*