„Ми рече да се соблечам и да ги покажам градите“: Џеј Ло призна низ што поминала за да добие улога на филм!

И светски познатата Џенифер Лопез се нашла во непријатна ситуација. Имено, пред снимањето на нејзиниот прв филм, режисер побарал од неа да направи некои работи, ако сака улога во филмот.

По многуте имиња од Холивуд, пејачката и актерка Џенифер Лопез призна дека и таа се нашла во непријатна ситуација кога режисер од неа побарал да направи некои работи ако сака да добие улога. Нејзиното признание предизвика скандал во тамошната филмска индустрија, а таблоидите не престануваат да пишуваат на таа тема.

Џенифер изјавила дека не била жртва на злоставување или нечија немилост, но поминала низ доста непријатни ситуации. Признава дека се работи за позната личност од светот на филмот, но не сака да го открие неговото име.

-Тоа се случи кога требаше да го снимам еден од моите први филмови. Ни малку не ми беше пријатно. Режисерот ми кажа да ја соблечам маицата и да му ги покажам градите. Дали го направив тоа? Не! Свесна бев дека таквото однесување не е во ред и го одбив неговото барање, открива Џенифер Лопез.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*