Александар Ицов, музичкиот талент го наследил од своите родители

Пораснат во музички талентирано семејство, па аналогно на тоа најнормално е и Александар Ицов да биде еден од ретките најталентирани музичари, кој свири на пет инструменти. Како што самиот истакна при гостувањето во ИН продукција, музичкиот талент го наследил од своите родители , кои исто така се музичари.

-Да кажам дека и по мајка и по татко , семејството ми е музички талентирано. Мојоте дедо инзвонредно свири на гајда, исто и од страна на мајка ми, дедоми е изведувач на шупелка, па ете гените се пренесуваат, истакнува Александар, изразувајќи надеж дека и неговите деца ќе ја продолжат оваа музичка традиција.

Александар Ицов покрај тоа што гради солистичка кариера, тој своите настапи ги бележи заедно со музичкиот бенд “Корона” од Штип.

-Пред три години, ова е четврта сезона сум дел од оркестарот “Корона” од Штип. Засега можам само да се пофлам, бидејќи имаме пребројни настапи. Задоволен сум од соработката и се надевам дека ќе продолжи соработката, вели Александар.

Алекдандар покрај својата голема љубов кон музиката, тој се надополнува и со својата професија како професор по музичка уметност, при што се труди максимално да ги исполни своите работни обврски. Како што и самиот додава, покрај школото се трудам да најдам и приватно слободно време за самиот себе за снимање и творење на добра музика. Тој неодамна во соработка со ИН продукција сними видео запис за хармоникашката инструменталка “Николова единаесетка” која е посветена на неговото синче.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*