“Мерак тајфа” најбарани во тиквешкиот регион

Неодамна во сроаботка со ИН прдукција кавадаречката група “Мерак тајфа” снимија видео проект со препеани песни од тиквешкиот крај, она што е барано од страна на публиката, но со еден малку поинаков аранжман во нивни стил. Како што додаваат од оваа група, засега немаат своја авторска песна, но не ја исклучуваат можноста да снимат своја нова песна.

-Новокомпонирано нешто, авторско немаме сеуште. Можеби тоа е наш мал хендикеп но Живко си има негови авторски песни , но ние како дел од Кавадарци немаме. Тоа не значи дека нема да направиме нешто. Ако се дојде до еден добар текст , до нешто интересно што ќе ги побуди нашите чувства, мислам дека треба да се направи за да се остави тоа и да може да го слушат и другите и подалеку од Македонија, истакнува Ранко Ѓорѓевиќ.

Дел од оваа “Мерак тајфа” е и женскиот вокал Тајчи, која на некој начин убаво е вклопена во групата и заеднички се надополнуваат, преку вокалните способности.

-Тајчи, тоа е наша колешка од Кавадарци. Со неа од поодамна се знаеме, соработувавме. Некои пати ние настапувавме и во помали состави во тиквешијата и на други места и таа е дел со нас. И таа претходно имаше нешто снимено , па така на некои свадбени веселби настапуваме заедно, го надополнува својот дел, вели Ранко.

Оваа кавадаречка група покрај настапите во тиквешкиот регион, бележат настапи и во останатите делови од нашата земја, како и надвор од неа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*