Дамјан Стојаноски : Се одлучив за музика, но ја сакам и глумата !

Доколку не се занимаваше со музика, би сакал да биде актер. Ова го истакна Дамјан Стојаноски при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

Дамјан Стојаноски при неговото гостување во емисијата Промо, открива дека доколку не се занимавал со музика, би сакал да е актер. Музиката ја одбра како негова понатамошна професија, но ја сака и глумата.

-Па јас отсекогаш сум бил со музиката, сум растел со музиката, сум јас сакал музиката и не случајно се одлучив да се занимавам со музика, но ете можеби ја сакам и глумата. Сум ја сакал и ја сакам, но сепак музиката ми е мојот животен избор.-истакна Стојаноски.

Тој вели дека доколку би имал можност во иднина би сакал да биде дел од некоја театарска претстава.

-Јас лично би сакал, но желбата е желба, а можностите се можности. Така да, незнам. Ако имам можност зошто да не.-додава Дамјан.

Кога станува збор за соработка со останатите музичари од македонската естрада, тој вели дека соработува со поголемиот дел, но најмногу со неговиот братучед Златко, со кој како што вели често си разменуваат мислења и совети.

-Настапувам и со бенд и сам како вокал. Бендот се состои од врвни дечки кои се подготвени и кои се многу често со мене. Настапувам и сам кадешто ќе ме викнат, со ете било која друга група, настапувам секако.-додава пејачот.

Тој пред извесно време ја оствари првата турнеја во Австралија, која траеше месец и пол и од каде си дојде со голем број импресии.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*