Анабела нападната во Белград

Поради расправија за паркинг, пејачката Анабела Атијас била физички нападната во Белград. Сеуште не се знае кој е идентитетот на насилникот и дали пејачката ќе поднесе кривична пријава.

Поп-фолк пејачката Анабела Атијас била физички нападната во Белград поради расправија за паркинг. Пејачката, наводно, се расправала со непознат човек околу едно паркинг место, па потоа повикала полиција. Како што тврди Анабела, потоа непознатиот  ја удрил, а подоцна е констатирано дека имала и гребнатинки.

„Дошло до  кавга околу паркинг место во улицата Лука Војвода, број 18j. МВР го повикале возилото за брза помош, но пејачката не е префрлена во болница, иако сепак претрпела помали повреди – дознава српски “Блиц” од амбулантната екипа. Кој бил виновен, кој е идентитетот на насилникот и дали пејачката ќе поднесе кривична пријава… засега нема детали!

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*