Наташа Беквалац утре ќе стане мајка, закажано е породувањето

Наташа Беквалац сепак ќе се породи во болница во Белград.-открива извор близок на пејачката. Иако првично таа сакаше да се породи во Виена, на крај одлучила тоа да биде во Србија. 

Српската пејачка Наташа Беквалац веќе не е активна ниту со настапи и ТВ појавувања, а во последно време ја нема ниту на социјалните мрежи. Пред Нова година, таа се повлече во својата приватност, вешто криејќи се од јавноста.

И токму кога речиси и ја заборавивме, на Инстаграм се појавија неколку нејзини фотографии, каде што пејачката е сликана со труднички стомак.

Според локалните медиуми, Наташа Беквалац подготвила сè за дочекот на малата Катја. Таа и нејзиниот сопруг веќе имаат закажано породување во приватна болница во Белград.

„Уште кога остана бремена, Наташа реши да се породи со царски рез. Таа и нејзиниот сопруг, Лука Лазукиќ, одлучиле тоа да биде во приватна болница. Првично сакала да се породи во Виена, но сепак се откажала и одлучила да го роди девојчето во Белград. Таа ќе плати неколку илјади евра за ова породување, бидејќи ќе биде сместена во апартман, а постои можност и Лука да присуствува на овој чин“, изјави извор близок на пејачката.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*