Влатко Миладиноски најавува уште две нови песни

Влатко Миладиноски неуморно работи на снимање нов материјал. Тој периодов го користи за добро да се одмори, но подготвува и две нови песни. За следниот период најавува и албум.

Влатко Миладиноски периодов го користи за одмор, но и за снимање нов материјал. Покрај песната “Велат не нема” со која ја освои победата на Гоце фест, Влатко подготвува уште две други песни.
-Сега конкретно имаме една преработка на народна песна од Пиринскиот дел, аранжманот ќе биде на Златко Миладиноски, а за другата спремаме демо бидејќи ќе ја пратиме на конкурсот за Фолк Фест Валандово кој се одржува крајот на месец мај. Се надевам дека и таму ќе се појавиме.-истакна Миладиноски.


Освен Валандовскиот фестивал, Влатко се надева дека годинава ќе настапи и на уште неколку други фестивали низ земјава. Тој откри дека полека, но сигурно се подготвува и третиот албум.
-Се крчка лека полека, песна по песна, нашиот трет албум. Не сакам да ветам, но можно е оваа година или најкасно до другата веќе спонтано ќе се соберат песните да мора да издадеме еден албум, официјален со наслов и промоција. Сега работиме песна по песна, па откако ќе се соберат ќе размислуваме за тој чекор.-додава Влатко.


Тој е презадоволен од тоа како помина минатата година за него, а се надева дека 2018-та ќе биде уште поуспешна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*