Јовица од Молика вели дека младите се повеќе ја бараат македонската песна

“Доколку македонската песна биде доволно промовирана низ нашите медиуми, јавноста ќе мора да гледа и слуша.”-истакна Јовица од група Молика при неговото гостување во ИН Продукција. Според него радува фактот што во последно време младите се повеќе ја бараат македонската песна.

Младите во последно време се повеќе сакаат да слушнат македонска народна песна.-вели Јовица, машкиот вокал на група Молика и додава дека доколку македонската музика биде доволно промовирана низ медиумите, јавноста ќе мора да ги слуша и гледа нашите изведувачи, а потоа и да одлучи дали станува збор за квалитет или не.

-Дали е доволно промовирана? Мислам дека отсекогаш било прашање и најверојатно никогаш нема да биде доволно. Колку повеќе се промовира нашата песна, колку повеќе медиуми еве како ИН ТВ коишто промовираат македонска музика, коишто не промовираат нас како изведувачи, групи, бендови, мислам дека зема замав тоа во последно време дека како што напоменав за Австралија можам да го кажам истото и за Македонија,  младите сакаат да слушаат македонска музика. Колку тоа повеќе им се промовира и се претставува, така тие нема да можат да го избегнат, ќе мора да го слушаат, да го погледнат, а подоцна нивно е да пресудат дали е нештото добро или не.-истакна Јовица.

Иако според него состојбата со македонската песна оди во нагорна линија, тој смета дека сеуште треба да се работи на нејзина промоција.

-Тие работи мислам дека одат паралелно една со друга. Како што медиумите треба да промовираат македонска музика и изведувачи, така и изведувачите треба да се потрудат да направат нешто квалитетно, коешто понатака медиумите, телевизиите, радиата ќе сакаат да го промовираат.-додава тој.

Пред се, вели тој треба да се работи на квалитет, да се работи со сериозни продукции, односно луѓе коишто си ја знаат својата работа, а нормално сето тоа бара голем труд, но и влог.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*