Фаворити бенд го промовираа видео записот за “Песна за Гостивар”

Гостиварчани си добија песна која ќе остане како белег за нивниот роден град Гостивар. Песната ја направија Фаворити бенд од Гостивар, кој веќе 15 години се дел од македонската естрада.

“Песна за Гостивар” од Фаворити бенд си доби свој видео запис. Идејата дошла во заеднички разговор меѓу сите членови, а со оглед на тоа што досега никој не направил песна за градот Гостивар.

-Во заедничка констатација со моите колеги дојдовме до заклучок дека таа песна би била добра за градот, во една прилика на Горан му се јавуваа колеги коишто сакаа да режираат серија за градот, не постои снимена песна буквално за градот Гостивар и размисливме дека е добра прилика, убаво време да се поработи на таа тема. Текстот во некаква варијанта го доработивме, колегата Горан го рецизираше, успеавме да направиме некоја прифатлива верзија, заеднички со него. Музиката е дело на нашиот колега Златко, а и останатите членови Велко и Дејан со свој допринос помогнаа песната да се формира во убава етно варијанта и да ја изработиме како вечен белег за нашето живеење, како наш долг кон нашите сограѓани во Гостивар.-истакна Драган, еден од членовите на Фаворити бенд-Гостивар.

-Аудиото беше снимено во “City sound” кај Бубе, пратечките вокали ги пееше Андријана Јаневска на наше големо задоволство, а вклучен беше и нашиот инструменталист на македонски фолклорни инструменти Драги, кој го отсвири кавалот. Дојде една убава целина од која сме задоволни, почестени со гости од македонската естрада.-вели Горан, вокалот на бендот.

Видеото се снимаше на неколку локации во Гостивар, односно покрај кејот на реката Вардар и низ центарот кадешто порано се наоѓала старата чаршија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*