Здравко Чолиќ објави нов спот за своите обожаватели

Здраво Чолиќ ги изненади своите фанови со нов спот за песната „Куќа полна со народ“. Текстот за оваа песна е дело на Џибони, а видеото е снимено во Дубровник.

Здравко Чолиќ ги израдува обожавателите на Денот на вљубените. 67-годишниот пејач го објави спотот за новата песна „Куќа полна со народ“.

Видеозаписот е снимен во Дубровник и го претставува враќањето на босанско-српскиот музичар во градот на изгубената љубов. Покрај Здравко, во спотот се појавува и манекенката Тијана Шаренац.

„Оваа песна за која текстот го напиша Џибони, а е наша прва соработка, асоцира на мене, на мојот отворен дух и алтруистички пристап кон луѓето. Со својот глас сакам да допрам до луѓето. Самиот текст кажува: ’Животе мој, подари ми глас, со песните да ве прегрнам вас’“, вели Чола за новиот спот од албумот „Ова малку душа“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*