Анета и Молика жалат што го погазија зборот во поглед на евровизискиот избор

Никогаш повеќе нема да учевствувам или да се појавам на било каков избор , евровизиски или фестивалски кој е во организација на Македонската телевизија, и жалам што си го погазив зборот и јас и моите колеги од

групата Молика, истакна Анета Мицевска која годинава заедно со групата Молика беа едни од потенцијалните претставувачи на нашата земја на Евровизија. Таа изразува огромно каење за сето тоа и додава дека нема никогаш повеќе да се случи.

-Незнам ни јас самата што се случи, меѓутоа едно знам дека многу ми е жал што си го погазив зборот и јас и моите колеги од групата Молика. Кажавме дека никогаш повеќе нема да да учевствуваме на било каков настан, било каков фестивал во организација на МТВ, меѓутоа ете бидна што бидна, јас се каам за тоа и повеќе никогаш. Ова беше последно. Никогаш повеќе нема да учевствувам или да се појавам на такво нешто, бидејќи има некој друг што не е компетентен и ќе го оценува моето пеење и тука е мојата публика луѓето од надвор. Така да, ние ќе учевствуваме секаде каде што ме почитуваат и каде што го ценат моето пеење, истакна Анета при гостувањето во еден национален медиум.

Според неа и покрај гоелмата поддршка кој ја имале, најповеќе од нивните фанови на социјалните мрежи од тука произлегла идејата да влезат во овој избор. Таа додава дека сето тоа е нефер и нерегуларно кон неа, но како колеги на групата “Ај кју” им посакува премногу среќа на нивниот настап во Лисабон. Нашата кариера продолжува и понатака, ова беше прв и последен пат за ваков евровизиски настап, децидно истакна Анета.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*