Љубовни хитови кои во себе кријат вистински трагедии

Песната „Ту ноч кад си се удавла“ е една од најубавите балади на Прљаво Казалиште, но има тажна приказна. Се зборува дека Јасенко Хоур, лидерот на бендот имал девојка во која бил многу заљубен и кога заминал во војска ја прашал дали ќе го чека.

Таа рекла дека ќе го чека да се врати. Но, Јасенко се вратил од војска, со бендот ја закажал својата свирка на една венчавка незнаејќи дека е венчавката на неговата девојка.

Во една верзија, оваа приказна има уште еден трагичен крај. Недолго по венчавката, девојката си пукала во глава, од неразјаснети причини. Jасенко ова никогаш го немаше потврдено, но никогаш не ја демантирал легендата која е врзана за оваа песна.

Уште една преубава балада крие трагична љубов. Познатата „Бацила је све низ реку“ од Индекси. Се зборува дека тоа е приказна за големата љубов на Даворин Поповиќ и девојка од Сараево. Пред венчавката, девојката абортирала и исчезнала. Многу години подоцна, на концертот во Шведска, Даворин Поповиќ му се причинило дека ја гледа од сцената, го оставил микрофонот и истрчал кон публиката. Сепак, не се сретнале, оти таа се изгубила во гужвата.

А како што се зборува и песната на Весна Змијанац “Чии оно сватови“ настанала по трагедија која им се случуила на еден млад заљубен пар. Невестата, која била бремена со сопругот  заминале на проба на венчаницата. Меѓутоа, на патот имале сообраќајна несреќа во која загинале двајцата.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*