Ги изненади девојките за Денот на вљубените

Една од најголемите балкански ѕвезди Здравко Чолиќ ги израдува своите обожавателки со новиот спот за песната „Куќа полна со народ“, кој е објавен денеска на неговиот официјален канал на „Јутјуб“.

Спотот е снимен во Дубровник и е замислен е како враќање на Здраво во градот на изгубената љубов.

„Оваа песна, за која текстот го напиша Џибони, а која е наша прва соработка, асоцира на мене, на мојот отворен дух и алтруистички пристап кон луѓето. Со својот глас сакам да допрам до луѓето, и самиот тест на песната вели: ‘Животу мој, подари ми глас за песна, да ве прегрнам вас’“, порачува Чола.

Текстот на песната го напишал Драган Стипшиќ Џибони, автор на музиката е Здравко Чолиќ, а аранжманот и продукцијата се на Никша Братош.

„Бидејќи дводневното снимање на спотот е направено во отежнати услови, неколку дена по прославата на Свети Влах, кога улиците бе преполни со луѓе, идејата за празните дубровнчки улици беше реализирана пред сè благодарение на сјајната екипа на Дубровничките летни игри и нивната логистичка поддршка, како и од поддршката од страна на градот Дубровник“, изјави режисерот Александар Керекеш Кеки.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*