Спасе Антевски : Настапите во Македонија и надвор од неа, доаѓаат со напорна работа !

Настапите во Македонија и надвор од неа, си доаѓаат со напорна работа, снимање нов материјал и презентирање на истиот.-вели фолк пејачот Спасе Антевски при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

Спасе Антевски важи за еден од најактивните пејачи на македонската естрада, кој секој момент го користи да сними нешто ново, а слободното време го користи за промоција на новитетите низ медиумите. Иако во моментов нема најава за некој настап во странство, тој вели дека продолжува да работи, да снима нов материјал, а остава на јавноста да го препознае квалитетот.

-Сега засега немаме некоја најава, се разбира освен свирките што ни се низ Македонија, нема најава за во странство, но никогаш не се знае. Ние мораме да работиме, мораме да снимаме, мораме да презентираме материјал, а гледачите да си одберат квалитет и така да се си доаѓа по свое и настапи и надвор од Македонија и се ќе си дојде.-истакна Антевски.

Кога станува збор за настапите во нашата земја, Спасе вели дека на неговата агенда за годинава веќе се закажани голем број семејни веселби.

-Да, имаме настапи веќе закажани, така да кажам повеќето се свадби, освен други приватни забави што ни се, со свадбите сме веќе ангажирани цело лето.-додава пејачот.

Тој периодов подготвува нов материјал, односно нови песни кои ќе се најдат на неговиот албум со авторски песни.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*