Оркестар “Маестрал” презадоволни од едномесечната турнеја во Америка

Позитивни впечатоци понесоа членовите од  битолскиот оркестар Маестрал од нивната едномесечна америчка турнеја. Како што истакнаа при нивното гостување во нашата продукција, оваа турнеја поминала

во прекрасни мигови и бројни настапи со полна публика и посетеност од нашите македонци во оваа далечна земја.

-Голема благодарност до Управата на црквата Пресвета Богородица, кои се виновни за тоа што ние бевме таму на таа турнеја. Настапивме во неколку градови , за Новата година бевме во Охајо, за Божиќ во Синсинати , Стара Нова година во Индијана и за Водици во Чикаго. Се заблагодарувам во мое име и во име на оркестар Маестрал, за сите кои ни овозможија да ја направиме нашата турнеја да биде подобра со озвучување, инструменти , истакна Аце од оркестар Маестрал.

Инаку, оваа турнеја на оркестарот Маестрал, слободно може да се каже дека помина во знакот на младиот Андреј Илиоски, син на клаинетистот Рубин од оркестарот Маестрал. Андреј за прв пат беше на една ваква далечна турнеја во придружба на оркестарот Маестрал и слободно можеме да кажеме дека го привлече целото внимание на сите настапи.

-Ова беше прва моја турнеја , многу убаво поминав. Имаше многу добри доживувања. Сакам да упатам голема благодарност до оркестарот Маестрал, како и воедно да се заблагодарам до Управата на Пресвета Богородица од Охајо за пречекот и организацијата, истакна Андреј.

Оркестарот Маестрал некако по традиција последниве неколку години токму за новогодишните празници е надвор од нашата земја на далечни труени пред нашинците во дијаспората.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*