Малата Драгана Јовановска освои прво место на фестивал во Русија

Малата ѕвездичка Драгана Јовановска, освои прво место на фестивал во Русија. Станува збор за еден од најпрестижните фестивали во Источна Европа, интернационалниот музички фестивал „Golden stars rain“. Најрадосна беше нејзината мајка, фолкерката Тања Јовановска која веднаш објави фотографии и статус на нејзиниот фејсбук профил.

Ќерката на фолкерката Тања Јовановска, уште минатата година со учеството во регионалното талент музичко шоу за деца и младинци „Пинкови ѕвездички“ покажа дека е на добар пат да ја наследи семејната лоза кога е пеењето во прашање.

Деновививе младата кумановка она што го носи како музички и вокален потенцијал во себе, го круниса со награда донесена од големата Русија. Малечката Гага, учествуваше на еден од најпрестижните фестивали во источна Европа, интернационалниот музички фестивал „Golden stars rain“, од каде се врати како победник.

Најрадосна и највозбудена беше нејзината мајка Тања, којана својот фејсбук профил објави фотографии и статус, гордо покажувајќи ја дипломата и наградата за освоеното прво место на својата ќеркичка.

„Драги мои се враќаме во Македонија со освоено 1-во место. Не можам да ви кажам како се чувствуваме,  затоа што неможам да го најдам вистинскиот збор.ГОРДИ,СРЕЌНИ,ВОЗБУДЕНИ… се’ во исто време. Ви благодариме на поддршката“ – напиша меѓудругото пејачката, чија ќеркичка е само една од оние ѕвездички со кои Македонија навистина има зошто да се гордее!

Талентот и убавината очигледно ги наследила од мама, а поддршката од нејзините родители го дава овој резултат. Прашање е што е следно? Некој фестивалски натпревар со „возрасните“ или можеби дует со мама? Останува да видиме…

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*