Душко: Има правни механизми за преземањето на македонската песна од соседите

Фестивалите во нашата земја не го губат својот сјај, туку медиумите треба да посветат повеќе внимание на македонската музика, смета фолк пејачот Душко Георгиевски, кој важи за исклучително докажан

македонски пејач со врвни квалитети и способности. Впрочем, како што истакнува тој, фестивалите се или здружение на граѓани или пак некоја приватна организација , кои треба да поработат малку повеќе на сопствената промоција.

-Ние како учесници на фестивалот , нормално кога ќе не поканат да гостуваме ќе ги пееме тие песни што сме ги снимиле во текот на годината, не можеме да мислиме нови. Генерално мислам дека повеќе треба да се посвети внимание на македонска музика, некако сме притиснати од страна на соседите. Со повеќе вложување во помодерни и поскапи спотови, секој според можностите, меѓутоа мислам дека пред се за да не цени некој, нашите соседи и тоа како добро ја ценат нашата музика. Треба прво ние самите да се цениме, од тука да тргнеме па понатаму, вели Душко.

Што се однесува на се поголемото превземање на македонските песни и препејување од страна на соседите, Душко со став дека постои правен механизам и регулирање на ваквата појава.

-Постои правен механизам , но полека и сигурно како да ја губиме таа битка. Можеби пред меѓународните институции треба да си ги заштитиме народните и авторските песни за да нема подкраднување на некоја песна. На крајот на краиштата, ако некоја песна е од Пиринскиот или Егејскиот дел на Македонија тука веќе се меша и политиката и најважно е луѓето како ги чувствуваат песните, вели Душко.

Душко Георгиевски зиминатата година во соработка со ИН продукција сними видео запис за неговата песна “Рано е”, која е доста барана и високо котира на фолк топ листите.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*