Анета Молика потврди дека има нејзина песна на конкурсот за Евровизија

Анета Мицевска потврди дека има нејзина песна на конкурсот од МРТ за песна на Евровизија. Таа вели дека песната е многу добра и се надева дека конечно ќе се исполни нејзината долгогодишна желба да ја претставува Македонија на големата сцена на Евровизија.

Анета Мицевска при неодамнешното гостување во емисијата “Промо” потврди дека пратила песна на конкурсот од МРТ за избор на песна за “Евровизија 2018”. Анета истакна дека ќе биде пресреќна доколку токму таа биде избрана да ја претставува нашата земја на овој престижен фестивал.

-Уште не се знае дали ќе бидам јас таа што ќе ја претставува Македонија на Евровизија. Се надевам дека ќе бидам јас, имам преголема желба, а таа желба ми е уште од поодамна, како мене така и на моите фанови. Песната е снимена и можам да се пофалам дека е баш Евровизиска песна. Не смеам да откривам детали, можам само да кажам дека е многу добра и се надевам дека ќе помине на тој избор.-вели пејачката.

Мицевска открива дека отсекогаш сакала да биде дел од овој избор, но вистинскиот момент дошол сега. Добила понуда да учествува на овој избор, која веднаш ја прифатила.

-Па секако дека сум размислувала, кој не сака да излезе на таа голема сцена и да ја претставува својата држава пред се. Секако дека сум сакала отсекогаш меѓутоа ете требало сега да дојде тој момент така да се наредат коцките. Добив понуда за да ја претставувам нашата земја, секако дека ја прифатив, ја добив таа песна. Зошто чекав? Ете требаше да дојде тој момент. Се случи тоа што требаше да се случи, нормално дека сум пресреќна и возбудена бидејќи тоа е голем предизвик за еден пејач.-додаде Анета при гостувањето во ИН Продукција.

До средината на месец февруари ќе се знае кој изведувач ќе ја претставува нашата земја на Евровизија, овој пат во Лисабон, Португалија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*