Цеца Ражнатовиќ оперирана во строга тајност

Цеца Ражнатовиќ била оперирана во строга тајност. Таа наводно од естетска причина, ги намалила градите. Операцијата ја направил познатиот бразилски хирург, Ханс Астеага, кој допатувал во Србија за да го реализира зафатот.

Пред двe недели српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ е оперирана во строга тајност, а информацијата за хирушкиот зафат ја објави магазинот „Hello“. Цеца наводно драстично ги намалила градите и тоа од естетска причина.

Довербата им ја препуштила на лекарите од една приватна белградска клиника, а пејачката ја оперирал прочуениот бразилски доктор Ханс Астеага. Со него работел и уште еден експерт во областа, кој не сакал да коментира во медиумите за зафатот.

Цеца  закрепнува веќе неколку дена, а како изгледаат нејзините нови гради, допрва ќе видиме. Инаку, пејачката веќе еднаш ги намали градите од здравствени проблеми, а изгледа дека сега промената ќе биде драстична.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*