Игор Бежаноски претседател на здружението на музичари од Охрид и Струга

Игор Бежаноски е избран за прв претседател на здружението на музичари од Охрид и Струга, “Охридски музички еснаф”. Целта на новоформираното здружение е нивно активно вклучување во културните збиднувања во Охрид и регионот.

Во големата сала во општина Охрид се одржа основачко собрание на здружението на музичари од Охрид и Струга “Охридски музички еснаф”. На собранието беа присутни 76 делегати и беа избрани органи и тела на здружението. Донесен беше статут, програма за работа за 2018-та година, а воедно е конституиран извршен одбор од 30 членови, претставници на музички групи и самостојни уметници. Игор Бежаноски е избран за прв претседател на здружението.

Нивната цел е активно да се вклучат во културните збиднувања во општините Охрид и Струга, но и пошироко. Здружението ќе делува во насока на заштита и промоција на охридската староградска музика. На собранието беа донесени одлуки кои ќе ги заштитат и унапредат условите за работа на музичкиот еснаф.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*