Анабела Атијас добива закани по живот

Закани по живот добива пејачката Анабела Атијас. Анонимни лица и пишувале дека лоши работи ќе доживеат таа и нејзината ќерка и дека Анабела ќе заврши како покојната пејачка Јелена.

Српската пејачка Анабела, мајката на Луна Џогани била гостин во емисијата на реалното шоу „Задруга“ каде изјавила дека е загрижена за својот живот и животот на својата ќерка, бидејќи постојано добива потресни пораки од кои навистина се загрижувачки.

„Ми пишуваат дека јас и Луна ќе доживееме се и сешто, вели Анабала и додава дека има закани како „ Ќе завршиш како покојната пејачка Јелена“, сериозни работи од кои на секого ќе му се крене косата, раскажува Анабела Атијас.

„ Се обратив до надлежните органи, јас сум дете на 70-тите, кога органите беа бог и ќотек. Се надевам дека така ќе биде и сега и правдата ќе излезе на виделина, загрижена е пејачката за својата безбедност и животот на најмилите.

„ И немојте да мислите дека ако се заканувате од лажни профили дека невозможно е да ве најдат“, предупредила Анабела

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*