Спасе Антевски во текот на годинава ќе го издаде својот албум

Спасе Антевски подготвува уште една нова песна која ќе се најде на неговиот нов албум со авторски песни. Тој се надева дека албумот ќе биде готов во текот на годинава.

Периодов му е послободен, па времето го користи за гостување низ медиумите. Пејачот Спасе Антевски работи и на нова песна, а се надева дека годинава ќе го заврши неговиот нов албум со авторски песни.

-Па во моментов малку имаме повеќе време можам да кажам и ова малку послободно време, овие месеци февруари и март додека се постите пред настапите на свадбите, сакам да го искористиме вака со гостување на телевизии и исто сега имам една нова песна на која почнав да работам. Се надевам дека оваа година ќе го завршам албумот кој го планирам веќе подолг период. Јас  малку брзам за да го издадам албумот оваа година, мислам дека ќе има осум песни на албумот. Сите се мои авторски, нема препеани песни, сите ќе бидат мои песни и се надевам дека ќе завршам оваа година.-вели пејачот.

Спасе и Екстрим бенд од Велес, деновиве во ИН Продукција ја промовираа нивната заедничка песна со наслов “Пуста печалба”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*