Почина мајката од Неда Украден

На 92 години вчера почина Анѓелија Украден, мајката на пејачката Неда Украден. Таа истакна дека мајка ѝ целиот живот и давала сила.

Пејачката Неда Украден е скршена од тага по смртта на нејзината мајка.

Неда била многу поврзана со својата мајка која боледувала од Алцхајмер и веќе извесно време била сместена во старечки дом.

-Ми беше ангел чувар. И благодарам за сè што направи за мене, за секоја солза која ја пролеа. Цел живот ми даваше сила, многу ми е тешко и жал. Тоа беше мојата мајка, таква енергија, таква жена, низ солзи изјавила пејачката.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*