Нема да го изостават зимскиот одмор во Банско

По неодамнешното снимање на нејзиниот најнов видео запис за песната “Си одам”, фолкерката Татијана

Стефановска останува и понатака во својата родна Битола, како што самата додава да го чека својот сопруг Митко да се врати од турнеја па заедно да се приберат , што би се рекло, во нивниот дом во Охрид. Инаку, изминатиов период работен беше и за Татијана со нејзините бројни настапи кои ги имаше тука во нашата земја , за време на минатите празници.

-Во моментов тука престојувм во Битола, на домашен терен, го чекам сопругот да се врати од турнеја и тогаш ќе си одиме заедно за Охрид. Периодов помина со новогодишните празници , тука низ Македонија ,, а наредно што имам ангажман е можеби за Денот на вљубените ќе пеам тука во Битола. Потоа настапувам во Прилеп, на една ловџиска забава. Како планови за понатаму е да излезе спотот, во преговор сум за две турнеи но за тоа потоа, истакнува Татијана.

Како што додава Татијана, со оглед на фактот што години наназад во зимскиот празничен период се разделени со својот сопруг Митко Бежаноски кој е познат музичар, таа не ја исклучува можноста за нивно заедничко надополнување на пропуштениот зимски одмор.

-Имаме во план кратко време да одиме во Банско ни беше планот, но сега ќе видиме. Два месеци скоро бевме разделени, скоро секоја Нова година тој настапува или е на турнеја со некој од нашите колеги , некогаш сме заедно во Америка, таму е секоја Нова година. Тој период од месец и половина до два, јас го поминувам во Битола и ги полнам батериите, вели Татијана.

Татијана најавува снимање и на нови песни како и видео записи во периодов кој следува.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*