Две нови песни за српски пазар подготвува Ѓоко Јовиќ

Ѓоко Јовиќ подготвува две нови песни кои ќе бидат наменети за српскиот музички пазар. Песните повторно ќе бидат од Пеџа Меденица, а ќе бидат готови по неговото враќање од Австралиската турнеја.

Покрај подготовката на новите песни за албумот кој треба наскор да излезе, Ѓоко Јовиќ работи на нови песни и за српскиот музички пазар. Тие песни како што открива тој, ќе излезат по враќањето од турнејата во Австралија.

-Во моментов се работат две песни од Пеџа Меденица, а досега имам две негови Парче неба и Немогу кучи и уште други две имам од Пеџа кои ќе се издадат после враќањето од Австралија. Две песни кои се работат заедно со бендот, истотака добропознатиот хит мејкер во Србија, Саша Николиќ кој ги прави песните на Марија Шерифовиќ, така да се работи на тој план. Во Гранд сум поканет во емисии, во ДМ Сат, РТС, тоа се ќе се одвива откако ќе се вратам од Австралија.-истакна Јовиќ.

Ѓоко вели дека неговите песни кои веќе се слушаат во нашата соседна држава се одлично прифатени од тамошната јавност.

-Навистина јас сум презадоволен. Еден пејач сигурно е задоволен кога песните ќе му се пеат на настапите. Така да, чим песните се пеат на настапите јас сум презадоволен.-додава тој.

Познатиот пејач се надева дека и новите песни ќе бидат добро прифатени од јавноста и дека ќе наиде на позитивни коментари.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*