Уште една успешна Австралиска турнеја на Анета и група Молика

Уште една успешна Австралиска турнеја остварија Анета и група Молика. Турнејата им траеше два месеци, а нивните концерти како што откри Анета при гостувањето во ИН Продукција, беа преполни.

Анета и група Молика остварија уште една успешна турнеја во Австралија. При гостувањето во емисијата Промо, Анета истакна дека одржале над 12 концерти во повеќе градови, додавајќи дека нивните концерти биле преполни.

-Па можам да кажам дека беше голема турнеја бидејќи останавме два месеци без неколку дена, тоа беше навистина долг период. Прекрасно си поминавме, тоа што го очекувавме тоа и го добивме од нашата публика. Одржавме доста концерти низ многу градови, 12 или 13 концерти отприлика и сите концерти беа посетени и баш како што очекувавме.-открива таа.

Анета вели дека тамошните македонци секогаш се спремни да ги пречекаат позитивни, насмеани, расположени и тие како музичари секогаш гледаат да им вратат во иста мера.

Да ги расположиме тоа ни е работа, но и должност. Се расположивме и ние со нив и си поминавме една прекрасна турнеја.-додава пејачката.

И Јовица, машкиот вокал на група Молика со слични импресии од Австралиската турнеја.

-Македонците се таму желни за музика и забава, сега македонската музика таму се слуша често и преку медиуми и интернер, тоа порано го немало, но сепак македонците таму со душа не чекаат, со душа чекаат да дојдат на тие забави и реакциите се нормално прекрасни. Како што напомена Анета и ние си поминуваме убаво и сето тоа се пренесува на публиката, така да можам да кажам дека забавите во Австралија се навистина прекрасни и за нас, а и за публиката.-вели Јовица.

Тие по единаесетти пат остварија Австралиска турнеја, а нивните концерти беа преполни што кажува колку нашинците ги сакаат и колку сакаат да бидат почастени со убава македонска музика.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*