Мини шоу најавуваат членовите на Екстрим бенд од Велес

Мини шоу со кавери најавуваат членовите на Екстрим бенд од Велес. Како што откриваат од бендот, проектот ќе биде готов до месец март.

Екстрим бенд од Велес најавуваат нов видео проект. При нивното гостување во ИН Продукција Виктор Наковски, член на бендот истакна дека мини шоуто планираат да го завршат до месец март.

-Се работи за проект на кавер песни кои ќе ги направиме, а во текот на март месец планирано е да излезат во етер. Овој проект ќе биде како едно мини шоу и се надевам дека ќе наидеме на добри импресии кај гледачите.-вели Виктор.

Проектот како што велат од бендот ќе биде во соработка со Спасе Антевски и уште неколку музички имиња од македонската естрада. Кога станува збор за настапи, Екстрим бенд се веќе со полна агенда ангажмани.

-Агендата за оваа година е полна веќе, можам слободно да кажам. Работиме активно, а моментално сме стационирани во Велес со свирки по ресторани, меѓутоа имаме и доста свадби во иднина.-додава тој.

Наковски вели дека кога има нови активности, нови снимања, во иднина ќе има уште повеќе работа, што за бендот тоа е одличен знак.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*