Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разведуваат ?!

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал пред развод. Иако се обидуваа да ја убедат јавноста дека се е во ред во нивниот брак, според медиумите за крај на бракот тие треба уште да ги потпишат документите. Турските медиуми пишуваат дека Мустафа веќе се иселил од нивниот дом.

Емина Јаховиќ наводно последниве месеци преживува драма во приватниот живот бидејќи со сопругот Мустафа Сандал е во лоши односи.

Иако на сите начини според шпекулациите се обиделе да ги поправат односите, како и да ја убедат јавноста дека се е во ред, Емина и Мустафа според медиумите фали уште да ги потпишат документите за крај на бракот. Имено, веќе со месеци брачната заедница не им е како што треба, а честите несогласувања довеле да се оддалечат.

Според турските медиуми, Мустафа веќе се иселил од луксузниот имот, а Емина останала сама со двата сина.

Ваквите шпекулации кружат веќе подолг временски период, но каде што има чад има и оган, па кога вистината ќе излезе на виделина, останува да видиме!

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*