Уапсен маж кој планирал да ја киднапира позната пејачка Лана Дел Реј

Уапсен е 43 годишен маж кој планирал да ја киднапира пејачката Лана Дел Реј. Полицијата соопшти дека во моментот на апсењето осомничениот Мајкл Хант во себе имал билети за концерти и нож. 

Поради обид за киднапирање, полицијата во Орландо уапси 43 годишен маж во близина на концертната сала каде Лана Дел Реј требала да одржи концерт .

Осомничениот Мајкл Хант, долго време планирал да ја киднапира Дел Реј, а сите свои планови ги објавувал на фејсбук.

Инаку, Хант е претходно осудуван за 61 кривично дело поврзано со дрога и насилно однесување. Пред да се упати кон настанот тој на својот профил пишувал колку ја сака пејачката, колку му недостига и дека ќе се откаже од се за да го следи својот сон. Во видео објавено на фејсбук тој изјавил дека ќе ја заврши турнејата со неа, а потоа ќе реши што ќе прават заедно.

Во моментот на апсењето, Хант поседувал билети за настанот и нож, соопштува полицијата. Лана Дел Реј преку Твитер соопшти дека е добро и дека едвај чека да ги види своите фанови.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*