Татијана: Песната ја чував една година и сега снимивме видео запис

“Си одам” е насловен најновиот видео запис на фолк битолчанката Татијана Стефановска која деновиве го

снимаше во соработка со ИН продукција. Впрочем, станува збор за песна која е излезена пред една година и како што вели Татијана доволно долго ја чував и сега дојде времето да се сними спот за неа , а станува збор за фолк балада.

-Имам повеќе пати кажано, не ја форсирав , не ја постирав, не ја промовирав, затоа што сакав да излезе како комплет со видео запис. Токму денес одучивме тоа да го правиме, после долги подготовки, затоа што знаеме колку треба да се има организација за да се добие комплетно видео од 3-4 минути. Овој пат на мој терен, во Битола, итакнува Татијана.

Видео записот за оваа најнова песна од Татијана се снимаше на неколку познати локации во нејзината родна Битола.

-Првата локација каде што снимавме беше на Пелистер на скијачкиот дел во снег , во една убава природа, се видоа тука и убавините на Пелистер. Втората локација е на Широк Сокак во кафичот “Симбол”, потоа одиме во кафе-ресторан “Бела куќа” и мислам дека имаме еден добар склоп од сцени, кој што кога ќе се вклопат ќе изгледа многу убаво. Има уште едно снимање со еден дечко Аки, кој ќе покажува боречки вештини во еден кик-бокс клуб, додава Татијана.

Што се однесува до контрукцијата на оваа музичка нумера, Татијана ја продолжува сработката со веќе добро познатиот тим, Дејан Момировски и  Борче Нечовски , како што вели и самата, мојот редовен тим кој не го менувам. Во продолжение погледнете мал дел од она што значи зад камерите додека се подготвуваше ова убаво музичко парче од Татијана.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*