Спасе Антевски и Екстрим бенд ја промовираа новата песна “Пуста печалба”

Гости во ИН Продукција беа Спасе Антевски и Екстрим бенд. Тие ја промовираа новата песна која носи наслов “Пуста печалба”, а во живо го изведоа познатиот хит на Дамјан Стојаноски, Тешко мина докторе.

Спасе Антевски и Екстрим бенд во студиото на ИН Продукција ја промовираа нивната заедничка песна со наслов “Пуста печалба”.

-Имаме една нова песна која требаше да се промовира околу Нова година, беше пуштена и најава, ама од оправдани причини од бурата со свирки и настапи малку закаснавме, така да сега дојде моментот да  ја промовираме.-истакна Спасе Антевски. Песната е посветена на сите македонци кои се далеку од своите домови.

-Оваа песна е на Далибор Ѓошиќ-Даки песната е прекрасна, а е посветена на сите наши печалбари кои се далеку од својот роден крај, од своите фамилии и песната ја посветувам на нив. Цела песна е на Далибор, текст, аранжман и музика. Поздрав и до нашиот колега Џељо Дестановски, тој си даде свој придонес со неговиот инструмент за песната да изгледа како што изгледа.-вели Спасе.

Тие воедно снимија и видео за песната од Дамјан Стојаноски, “Тешко мина докторе” која е отсвирена во живо. Во најскоро време јавноста ќе има можност да погледне како звучи оваа песна во изведба на Спасе Антевски и Екстрим бенд.

-Јас се надевам дека песните ќе бидат добро прифатени и мислам дека се отсвирени како што треба, културно, убаво звучат песните и мислам дека ќе бидат прифатени. Има реакции веќе, песната на Дамјан која ја работиме по настапите, ја бараат доста, убава песна е и сакам да ја промовирам и кај вас на ИН ТВ.-додава тој.

Во моментов, Спасе има повеќе слободно време, кое сака да го искористи за гостување низ телевизии и промоција на новите песни, а после месец март започнуваат неговите бројни ангажмани на семејни веселби.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*