На пејачот Ацо Пејовиќ девојка му се заканува дека ќе се самоубие ако тој ја остави!?

Популарноста на пејачите не носи само убави нешта. Доказ за тоа е најновата вест од соседството. Медиумите пренесуваа дека на инстаграм се појавила девојка која му се заканува на Ацо Пејовиќ дека ќе се самоубие ако тој ја остави. 

Ацо Пејовиќ е само уште еден пејач кој сфатил дека популарноста не носи само убави нешта. Напротив, на Инстаграм се појавила опседната обожавателка, која јавно напишала коментар што ги шокираше корисниците на оваа социјална мрежа.

Многу сум тажна, сега ќе си ги пресечам вените, Ацо, ако не се сретнам со вас во живо на концертот. А можеби и ќе се фрлам сега во студената река, ако не се фотографирам со тебе, Ацо. Немој повеќе да се лутиш и не оставај ме повторно сама… Плачев цела ноќ и солзи леам за тебе“ – напишала извесна девојка по име Аминија и додала:

„Толку сум тажна, немој повеќе да се лутиш на мене те молам…  Ќе испијам 14567 таблети  Ацо, ако ме оставиш сама повторно“!

Кој е оваа жена, дали двајцата се познаваат и дали Ацо Пејовиќ го пријавил овој случај во полиција, засега останува непознато!

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*